Според анализата на глобалната компанија за складирање багаж Radical Storage, унгарската престолнина го зазеде неславното прво место на листата на највалкани градови во светот.
Во дури 37,9% рецензии што се однесуваат на чистотата на градот се споменуваат нечистотија, ѓубре, лошо одржување и непријатни мириси. Истражувачите истакнуваат дека Будимпешта е под силен притисок поради ненадејното зголемување на бројот на туристи – само во септември е забележано зголемување од 12% во споредба со претходната година. Според нив, бројот на посетители го надминува капацитетот на комуналните услуги, што директно влијае на хигиената на улиците.

Будимпешта
Италија доминира на листата на најпрљави
На листата особено се издвојува Италија со дури четири градови во првите десет – Рим, Фиренца, Милано и Верона. Рим, кој е веднаш зад Будимпешта, со години ја води битката со отпадот. Покрај купиштата ѓубре, на улиците често се појавуваат и диви свињи, што многу туристи ги остава во неверица.
„Рим е прекрасен, но ѓубрето… Навистина е одвратно“, напишал еден згрозен турист.

Рим
На третото место е Лас Вегас, град кој, поради 24-часовниот ноќен живот и огромниот прилив на посетители, едноставно не успева да ги одржува јавните површини чисти. Еден корисник го опишал како „опасна депонија полна со измет и урина“.
Интересно е што Њујорк, кој е прогласен за најстресен град за живеење, а кој често е цел на шеги поради популацијата на стаорци, во оваа нализа е рангиран „само“ на 12-то место.

Лас Вегас
Како е спроведено истражувањето?
Radical Storage анализирале 100 градови од листата на најдобри дестинации на Euromonitor и прегледале 70.000 Google рецензии на англиски јазик.
Фокусот бил на десет најпосетувани туристички атракции во секој град, а истражувачите конкретно ја следеле зачестеноста на зборовите „clean“ и „dirty“. Врз основа на тоа, формирана е ранг-листа на вистинскиот впечаток на туристите.

Брисел
ТОП 10 НАЈПРЉАВИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ
Ова е листа од 10 градови што ќуѓето што сакаат чисто дефинитивно нема да бидат среќни да ги посетат.
- Будимпешта, Унгарија – 37,9%
- Рим, Италија – 35,7%
- Лас Вегас, САД – 35,6%
- Фиренца, Италија – 29,6%
- Париз, Франција – 28,2%
- Милано, Италија – 26,8%
- Верона, Италија – 26,2%
- Франкфурт, Германија – 24,6%
- Брисел, Белгија – 24,4%
- Каиро, Египет – 23,6%
А кои градови блескаат?

Краков
Сепак, светот има и своја сосема спротивна страна. Анализата открила и градови кои импресионираат со исклучителна чистота и високи стандарди за одржување. На врвот на таа листа е Краков, со дури 98,5% позитивни коментари.

Сингапур
ТОП 10 НАЈЧИСТИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ
Градовите што можат да се пофалат со високо ниво на хигиена се следниве:
- Краков, Полска – 98,5%
- Шаржа, ОАЕ – 98%
- Сингапур – 97,9%
- Варшава, Полска – 97,8%
- Доха, Катар – 97,4%
- Ријад, Саудиска Арабија – 96,9%
- Прага, Чешка – 96,4%
- Мускат, Оман – 96,4%
- Дубаи, ОАЕ – 96,3%
- Фукуока, Јапонија – 96,3%
Овие листи несомнено ќе влијаат на преференците на туристите, иако ретко кој има да каже лош збор за Будимпешта, најпрљавиот град, по туристичката посета.
Секако, убаво е да се знае каде се води грижа за чистотата, а каде малку помалку. И тоа кажува нешто, нели?
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија