Насловна / Арт и дизајн / Уметност на слатки во стилот на Louis Vuitton – празнична сезона 2025

Уметност на слатки во стилот на Louis Vuitton – празнична сезона 2025

Louis Vuitton и светски познатиот слаткар Максим Фредерик ја подигнуваат празничната сезона на повисоко ниво, спојувајќи ја елеганцијата на францускиот луксуз со магијата на слатките.

Новата колекција за Божиќ 2025 година носи вистинска симфонија на вкусови и визуелно совршенство од луксузната ролада Yule Log која ја спојува сласта на лешниците со освежителна нота на лимон, до чоколадни божиќни елки, од кои секоја нуди различно доѓивување: млечно чоколадо со пралине од цимет, зачини chai и чај Earl Grey, темно чоколадо со кандирано овошје и млечно чоколадо со пралине од пекан ореви, карамела и примеса на јаворов сируп.

За комплетна празнична атмосфера, тука е и чоколадната Вивиен, маскотата на брендот Louis Vuitton, сега прикажана како весела скијачка, изработена од лешници, бело и темно чоколадо и детали од пралин.

Покрај импресивните сезонски деликатеси, La Chocolaterie Maxime Frédéric во Louis Vuitton кафетеријата воведува и луксузен Tea Time – дегустациско мени кое комбинира минијатурни верзии на најпознатите десерти на Фредерик со одбрани солени закуски, се послужено на повеќекатно стакло инспирирано од естетиката на француската модна куќа.

Сезонските слатки се достапни од 21 ноември во Париз, додека искуството Tea Time ја освежи понудата на кафулето од средината на ноември.

Испрати коментар

Scroll To Top