Насловна / Вести / Кога вложувате, а штедите! Кредит за енергетска ефикасност од Комерцијална банка

Кога вложувате, а штедите! Кредит за енергетска ефикасност од Комерцијална банка

Како енергетската ефикасност ви штеди пари и ја зголемува вредноста на вашиот дом?

Во време на зголемени трошоци за енергија, многумина се прашуваат како да ги намалат сметките, а притоа да ја зачуваат удобноста во домот. Одговорот е инвестиција во енергетски ефикасен дом со кредитот за енергетска ефикасност на Комерцијална банка, кој е дел од GEFFПрограмата на Европската банка за обнова и развој.

Инвестицијата во енергетска ефикасност на домот не само што ги намалува месечните трошоци за струја и греење, туку ја зголемува и вредноста на недвижноста. Со кредитот за енергетска ефикасност на Комерцијална банка ваквите инвестиции двојно ќе ви се исплатат затоа што добивате поврат до 20 % во вид на грант и намалени трошоци за енергија.

Со овој кредит може да финансирате набавка и инсталација на:

  • енергетски ефикасни прозорци, врати и застаклување,
  • изолација на надворешните ѕидови, на покривот и на поткровјето, на подот и на преградните ѕидови,
  • печки/котли на биомаса,
  • соларни колектори за топла вода,
  • фотоволтаични системи,
  • топлински пумпи (електрични или на гас),
  • високоефикасно осветлување, нискотемпературно осветлување,
  • балансирана механичка вентилација,
  • акумулациски бојлери за топла вода.

А, со овие едноставни, но паметни подобрувања добивате:

  • Намалени трошоци – добро изолиран дом троши помалку енергија, што значи пониски сметки за струја и греење.
  • Подобар квалитет на живот – домот станува потопол во зима, поладен во лето и поудобен во секој период од годината.
  • Поголема вредност на недвижноста – енергетски ефикасни домови сѐ повеќе се бараат на пазарот.
  • Придонес за почиста околина – намалената потрошувачка значи помал јаглероден отпечаток и поголема грижа за планетата.

Енергетската ефикасност не е само краткорочна заштеда, туку всушност претставува стратешка одлука за иднината на целото семејство. Со ваква инвестиција обезбедувате долгорочна финансиска стабилност – заштедените пари од сметките за струја може да ги искористите за инвестиции што носат принос, за образование на децата или за исполнување на некоја голема семејна желба. Исто така, во услови кога цените на енергенсите постојано варираат, единствениот начин да имате контрола врз трошоците е да го направите домот енергетски независен.

На овој начин, поефикасно управувате со семејниот буџет и го намалувате ризикот од непредвидливи трошоци. Ваквите решенија се вистински пример за одговорно управување со личните финансии бидејќи комбинираат сигурност, практичност и долгорочна корист.

Кога инвестирате во енергетска ефикасност, вие не инвестирате само во ѕидови и инсталации, туку во удобноста и безбедноста на вашите најмили. Вашиот дом станува пофункционален и посовремен, а вредноста на пазарот му расте. Затоа инвестициите во енергетска ефикасност можеби денес значат, пред сѐ, заштеда, а утре може да бидат предност доколку решите да ја продадете или изнајмите недвижноста.

Сега е вистинскиот момент за инвестиција во енергетски ефикасен дом со атрактивни услови и до 20 % поврат на средства во вид на грант!

Користејќи го GEFF-калкулаторот може да ги пресметате веднаш заштедите кои на долг рок би ги оствариле со имплементација на прифатливите енергетско ефикасни технологии. Целосниот каталог на технологии и производи кои се прифатливи и одобрени од GEFF-Програмата за финансирање со кредитот за енергетска ефикасност се прикажани во Селекторот на технологија.

Повеќе информации за условите, калкулатор за рата и потребните документи за аплицирање за Кредитот за енергетска ефикасност имате на kb.mk

*Комерцијален текст

Испрати коментар

Scroll To Top