Џорџ Лукас, милијардер и филмски создавач кој стои зад огромните франшизи како Војни на ѕвездите и Индијана Џонс, најави дека Lucas Museum of Narrative Art во Лос Анџелес ќе биде отворен во септември 2026 година. Музејот ќе содржи илјадници познати уметнички дела и архивски предмети од Лукасовата филмска кариера.

Автор на проектот е Ma Yansong од MAD Architects, а изградбата чинела 7 милијарди долари. Средствата ги обезбедил Лукас. Музејот ќе зафаќа површина од 30.000 квадратни метри и ќе има над 40.000 дела во постојаната колекција. Ќе има и дела од уметници како што се Норман Роквел, Фрида Кало и Беатрис Потер. Во музејот ќе бидат сместени костими, реквизити, концептуална уметност и други предмети од неговите филмови. Меѓу останатите содржини, ќе има две кина, библиотека, ресторан, продавница и зелени површини во склоп на Exposition Park во Лос Анџелес.

Музејот има футуристички дизајн и често се споредува со вселенски брод. Идејата за ваков музеј е стара повеќе од десет години, но Лукас бил одбиен од повеќе градови за негова изградба. Конечно, добива зелено светло од Лос Анџелес, и тоа откако е образложено неговото позитивно влијание за заедницата (во непосредната околина има 18 училишта за ученици од семејства со ниски примања) и локалната економија. Според проценките на Forbes, Лукас располага со богатство од околу 54 милијарди долари.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија