Насловна / Архитектура / Четврта годишна средба на архитекти и урбанисти во Битола – „Архитектурата утре“

Четврта годишна средба на архитекти и урбанисти во Битола – „Архитектурата утре“

Одделението на архитекти и Одделението на архитекти урбанисти при Комората на овластени архитекти и овластени инженери најавуваат нова архитектонска средба!

Четврта годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти со тема – „Архитектурата утре“ ќе се одржи на 28 и 29 ноември 2025 (петок и сабота) во Офицерскиот дом во Битола.

Два дена исполнети со инспиративни предавања, дискусии и идеи за иднината на архитектурата и урбанизмот.

Да зборуваме за тоа како ја градиме архитектурата на иднината – денес, порачуваат организаторите.

Не ја пропуштајте можноста да слушнете еден од водечките урбани дизајнери на својата генерација – Димитрис Пулиос.

Димитрис Пулиос е грчки архитект и урбанист, со потекло од Волос, Грција. Дипломирал на Универзитетот во Тесалија, магистрирал Урбан дизајн во Кардиф со стипендија од Фондацијата Бодосаки, а докторирал Урбано планирање на NTUA како стипендист на Фондацијата Онасис.

Од 2013 година е дел од Thymio Papayannis and Associates (TPA), www.tpa.gr, каде денес е партнер и член на менаџерскиот тим. Неговиот професионален ангажман вклучува проекти во Грција, Обединетото Кралство, Албанија, Кипар, Палестина, Саудиска Арабија и Катар. Во 2025 година, тимот на TPA ја доби Европската награда за интервенции во архитектонското наследство во категоријата Урбано планирање.

На Четвртата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, Пулиос ќе ја одржи својата презентација: „Корени и Плодови: Архитектура и Урбана Иновација во Флуиден Свет“ и ќе зборува за поврзаноста помеѓу наследството, традицијата и иновацијата во современиот урбан контекст.

Испрати коментар

Scroll To Top