Насловна / Вести / Кина додава гас – Европа ја губи трката во автомобилската индустрија

Кина додава гас – Европа ја губи трката во автомобилската индустрија

Европската автомобилска индустрија е во криза, поради зголемената глобална конкуренција, особено од Кина, и скапиот премин кон електрични возила. Од приближно 38 милиони патнички автомобили произведени во светот во 2025 година – 60 отсто доаѓаат од Азија, додека од ЕУ уделот е само со околу 16 отсто.

Кинескиот автомобил не е евтин, но нуди повеќе за помалку пари, велат упатените. Високата технологија и побогатата стандардна опрема се адутите со кои Кина победува во технолошката трка. Тие исто така сè повеќе стануваат сопственици на западни брендови.

„Кинеските автомобили денес дефинитивно можат да понудат многу веќе во основните пакети опрема што можеби се наоѓаат на списокот за доплата кај некои традиционални конкуренции, а кога ќе се собере сè на крајот, всушност се покажува дека е од 20 до 30 отосто поевтино“, вели регионалниот менаџер за Југоисточна Европа на компанијата Geely и додава: „Можеме да кажеме дека кинеските брендови ќе влезат на европските пазари многу побрзо отколку што тоа го направија некои корејски или јапонски брендови“.

Во Кина официјално се регистрирани 109 автомобилски брендови. Сè повеќе кинески компании за автомобили отвораат салони, сервисни центри, па дури и фабрики во Европа.

Годишно, во светот се продаваат повеќе од 20 милиони нови возила од Кина, додека уделот на увезени автомобили во таа земја падна под 50 отсто за прв пат оваа година. Експертите предупредуваат на забрзано зголемување на бројот на азиски возила на европските патишта. Сметаат дека ова особено ќе се забрза ако Европа и Америка тргнат по патот на бојкот, санкции и изолација. Се плашат дека оваа изолација ќе ја изолира Европа повеќе од Кина и само дополнително ќе го забави развојот на технологиите на европско ниво.

Експертите мислат дека европските производители треба да учат од кинеските и да соработуваат со кинеските.

Според нив само ова може да овозможи стабилен развој на добронамерни технологии, современи, што ќе овозможат одржлив развој на човештвото.

Од почетокот на годината, во светот се произведени околу 38 милиони патнички автомобили – од кои 60 отсто доаѓаат од Азија, додека ЕУ учествува само со околу 16 отсто.

Испрати коментар

Scroll To Top