Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) ги известува своите членови дека на 4 ноември 2025 (вторник), со почеток во 10:00 часот, во хотел DoubleTree by Hilton Skopje ќе се одржи ZWCAD конференција со предвидено траење од два часа.
Дознајте зошто повеќе од 1,4 милиони корисници во над 90 земји секојдневно го избираат ZWCAD — повеќекратно наградуван CAD софтвер познат по својата извонредна брзина, стабилност и едноставност во користењето.
Овој софтвер е добитник на престижната награда G2 Best Usability Award и е вброен меѓу најдобрите глобални CAD решенија за 2025 година.

На конференцијата ќе имате можност да се запознаете со новите функционалности на ZWCAD 2026, како и со MFG и CADProfi додатоците, кои дополнително ја прошират моќта и ефикасноста на овој напреден CAD алат.
На настанот ќе бидат претставени најновите можности на ZWCAD и практични примери од архитектонска и инженерска пракса. Настанот е наменет за архитекти, инженери, проектанти, фирми од градежниот сектор и сите кои сакаат брз, стабилен и исплатлив CAD-алат во секојдневната работа.
За повеќе детали, погледнете го и промотивниот билтен: линк до NEWSLETTER
Учеството е бесплатно со претходна регистрација преку следниов линк: РЕГИСТРАЦИЈА
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија