Биеналето на македонската архитектура – БИМАС 2025 во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) официјално се отвара денес во 19 часот во Музејот на современа уметност во Скопје (МСУ). XXII БИМАС ќе се одржува од 6. до 20. октомври во МСУ и на други локации, дадени во програмата.

БИМАС претставува значајно случување во областа на архитектурата во нашата земја и претставува смотра на архитектонсклата продукција изминатите две години. Оваа година со XXII Биенале на македонската современа архитектура БИМАС 2025 се одбележуваат 44 години од постоењето на оваа исклучително значајна манифестација.

Во склоп на манифестацијата е и студентската изложба БИСТА 2025, која за прв пат ќе се одржи заедно и во ист простор со БИМАС 2025.
На свечената церемонија на затворањето ќе се доделат повеќе награди, а најзначајна е „Гран При” на БИМАС за реализиран архитектонски објект.
Овогодинешниот настан вклучува извонредна селекција на гости предавачи и внимателно курирана серија на изложби, кои ќе прикажат нови идеи и критички перспективи во архитектурата и дизајнот.


Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија