Насловна / Архитектура / Денес е Светскиот ден на архитектурата и роденден на Ле Корбизје

Денес е Светскиот ден на архитектурата и роденден на Ле Корбизје

Денес, 6. октомври е Светскиот ден на архитектурата. Воспоставен е во 1985 година од UIA и се слави секоја година првиот понеделник од октомври, паралелно со Светскиот ден на живеалиштата на Обединетите нации (United Nations’ World Habitat Day).

Темата на Светскиот ден на живеалиштата за 2025 година е поврзана со одговорот на урбаните кризи. Во овој контекст, Советот на UIA ја избра темата „Дизајн за сила“ за овогодинешниот Светски ден на архитектурата.

Исто така, денешниот ден е значае и поради тоа што на 6. октомври 1887 година во Шо де Фон, Швајцарија е роден Ле Корбизје (Шарл-Едуар Жанре-Гри), еден од најголемите архитекти на 20 век. По Првата светска војна, проектирал сериски станбени згради за чија изградба се користел армиран бетон, челик и стакло.

Изработил систем на пропорции, на кој му го дал името „Моделар“. Неговите најзначајни дела се наоѓаат во Франција, а градел и во поранешниот Советски Сојуз, Белгија, Швајцарија, Бразил… Најголемиот потфат на Ле Корбизје е комплетното решение на Чандигар, главниот град на државата Пенџаб во Индија. Објавил повеќе книги во кои ја дефинирал суштината на модерната архитектура и урбанизмот.

Испрати коментар

Scroll To Top