Дупка длабока 50 метри се отвори во центарот на Бангкок, а уривањето проголта автомобили и електрични столбови.
Пред болницата Ваџира во центарот на Бангкок се отвори кратер широк околу 30 квадратни метри и длабок 50 метри, а експертите веруваат дека е поврзано со изградбата на блиската станица на метрото.

Обрушувањето на земјата проследено е со пукање на цевки, додека паднатите далноводи и кабли исфрлаа електрични искри, пренесува Ројтерс.
Пациентите од болницата и жителите на блиските станови се евакуирани.
Болницата Ваџира објави дека нема да прима пациенти до понатамошно известување.

Гувернерот на Бангкок, Чачарт Ситипунт, изјави дека пукнала цевка, со што се прекинало снабдувањето со вода и електрична енергија.
„Болницата не е во опасност, но сме загрижени за полициската станица, таму сè уште е опасно и луѓето се евакуирани“, рече Ситипунт.
Властите изјавија дека го спречиле понатамошното ширење на кратерот и дека внимателно ја следат ситуацијата.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија