Насловна / Вести / Албанија ги започна преговорите со ЕУ за енергетика и животна средина

Албанија ги започна преговорите со ЕУ за енергетика и животна средина

Албанија официјално ги започна преговорите со ЕУ за т.н кластер 4, кој ги опфаќа зелената агенда и одржливото поврзување. Со тоа, оваа земја се придружи на Црна Гора и Србија.

Албанија за 11 месеци отвори 5 кластери за преговори. Животната средина е неодложна тема, а барањата се предизвик дури и за замјите членки во задржување на стандардите и нивна заштита. Кластерот 4 ги покрива поглавјата: 14 – транспортна политика, 15 – енергетика, 21 – трансевропски мрежи и 27 – животна средина. Што се однесува до регионот на Западен Балкан, Црна Гора првите три поглавја ги отвори во 2015 година, a Србија која со преговорите започна во 2014 година, со кластер 4 започна во 2021 година. За Албанија преговорите се отворени во 2022, како и за Македонија. Но, за разлика од Албанија, Македонија сеуште нема отворено ниту едно поглавје за преговори.

Испрати коментар

Scroll To Top