Насловна / Архитектура / Уметничката институција Calder Gardens на Herzog & de Meuron во Филаделфија

Уметничката институција Calder Gardens на Herzog & de Meuron во Филаделфија

Архитектонското биро Herzog & de Meuron и пејзажниот архитект Piet Oudolf ја завршија уметничката институција Calder Gardens, составена од подземни галерии и голем рефлектирачки ѕид што се пробива низ локацијата во Филаделфија.

Сместен на мала парцела во форма на клин помеѓу локалните музеи, Barnes Foundation и Franklin Institute, Calder Gardens е посветен на делото на скулпторот роден во Пенсилванија, Alexander Calder, познат по големите кинетички мобилни скулптури што ги изработувал во средината на 1900-тите.

Проектот се состои од централната галерија проектирана од Herzog & de Meuron и околни градини проектирани од Ouldof. Градините „налик на ливада“ ги обвиткуваат и се надвиваат над подземните галерии на зградата, кои се изложени преку отвор со бетонска рамка всечен во ридестиот терен и кружен кровен прозорец.

Според тимот, проектот имал за цел да биде во контраст со поголемата, монументална архитектура што ги опкружува Calder Gardens.

„Во овој единствен проект во Филаделфија – од локацијата, преку проектната задача, до нашиот процес на проектирање – се фокусирав на просторот над формата, што ме наведе да ги истражувам подземните области и да ги откријам дефинирачките простори на структурата“, изјавил Herzog.

Основачот на Herzog & de Meuron, Jacques Herzog, кој работел на зградата главно за време на пандемијата Ковид -19, рекол дека се фокусирал на „просторот, а не на формата“, а дека кампусот е замислен како „градина со зграда“.

„Calder Gardens отелотворуваат еден вид архитектура ‘без дизајн’, овозможувајќи им на уметничките дела да ја изразат својата разновидност и двосмисленост низ бројни различни просторни контексти“.

На приземјето, градината е опкружена со долг метален ѕид што го формира надземниот дел на зградата.

Според тимот, тоа исто така ја намалува бучавата во градината од улицата.

Мал, дрвен павилјон, кој бирото го нарекува „трем“, се издига од средиштето на ѕидот, обезбедувајќи влез помеѓу лобито на галеријата и градината.

Структурата од 1.672 квадратни метри е составена од издолжена „зграда слична на штала“, која содржи канцеларии, простор за утовар и мало лоби обложено со дрво, кое води до тремот и излезот од скалите од страната свртена кон автопатот.

Обложена со поцрнето дрво, страната свртена кон патот е проектирана да биде дискретна.

„Ниската зграда се гледа само во минување од оваа поволна точка и не привлекува внимание“, велат од бирото.

„Лобито се разликува од типичните големи простори што ги дефинираат повеќето влезови во музеј.“

Потоа посетителите се спуштаат во галериите долу. Внатрешноста е поделена на неколку галерии, кои ќе прикажуваат ротирачки избор од делата на Calder и други предмети.

Галериите се врамени со рамнини од бетон, дрво и стандарден гипс картон. Некои имаат двојна висина за да се сместат големите дела на скулпторот.

Во внатрешноста на зградата има и мезанин, тенки прозорци и дрвени скали.

Голем, кружен простор е сместен во центарот на основата и под „тремот“ на приземјето.

Ограничен со прозорци од подот до таванот, гледа кон надворешен двор, кој е изложен на градините погоре.

До овој главен кружен простор се наоѓа помал, на врвот каде има светларник видлив од градината.

Останатите галерии се разгрануваат од овој простор во различни геометриски форми и големини, вклучувајќи помали ниши во ѕидовите.

Надвор, градините на Ouldof се спуштаат по ридот и се пресечени со кривулести патеки што водат низ локацијата. Пејзажот е исполнет со 250 видови растенија, организирани во мозаик од мали групи.

„Calder Gardens е свет што се открива додека влегувате низ вратата“, вели тимот.

Освен што ќе се изложуваат делата на скулпторот, Calder Gardens ќе биде домаќин на предавања, звучни искуства, проекции и други настани. Планирано е да се отвори за јавноста на крајот на септември.

Оваа уметничка институција е подржана од непрофитната фондација Calder и е управуван од фондацијата Barnes.

Испрати коментар

Scroll To Top