Насловна / Архитектура / Изложба: ЖИВКО ПОПОВСКИ – Живот посветен на архитектурата

Изложба: ЖИВКО ПОПОВСКИ – Живот посветен на архитектурата

На 3 септември 2025 во Музеј на современата уметност – Скопје во 20:00 часот ќе се отвори ретроспективната изложба ЖИВКО ПОПОВСКИ – Живот посветен на архитектурата.

Изложбата претставува ексклузивен увид во приватната архива на архитектот Живко Поповски: оригинални проекти, цртежи, фотографии и видео материјали што овозможуваат целосно согледување на неговите авторски преокупации.

Куратори: Анета Христова – Поповска и Мери Батакоја

Изложбата ја реализира Музејот на современата уметност – Скопје, со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија како проект од национално значење за 2025 година.

Во нејзината реализација великодушно придонесоа Комората на овластени архитекти и инженери на Република Северна Македонија и компанијата КНАУФ.

Сите материјали се дел од приватната архива на Живко Поповски.

Испрати коментар

Scroll To Top