Насловна / Вести / Словенија распиша јавен конкурс за преработка и пласман на земјоделски производи

Словенија распиша јавен конкурс за преработка и пласман на земјоделски производи

Министерството за земјоделство, шумарство и исхрана на Република Словенија, објави јавен конкурс за доделување на средства во склоп на интервенцијата наменета за вложување во преработка и маркетинг на земјоделските производи заради зголемување на продуктивноста и технолошкиот развој, вклучувајќи и дигитализација. Конкурсот е објавен на 1-ви август, а вкупната вредност на средствата кои се на располагање изнесува 5 милиони евра. Целта на конкурсот е преку инвестиции во преработката и продажбата на производи од сопствено производство да се подигне конкурентноста на словенечките земјоделски домаќинства, како и да го поттикне преминот кон посовремени и поодржливи методи на работењето.

Право на учество имаат носителите или сопственици на дополнителни дејности на домаќинствата кои во 2024 година оствариле најмалку 12.000 евра приход само од земјоделска дејност. Инвестициите кои можат да се финансираат опфаќаат адаптација и опремување на објекти, купување на мобилни постројки за преработка, опрема за енергетска ефикасност, користење на обновливи извори на енергија, намалување на потрошувачката на вода и генерирањето на отпад, како и опрема за ракување со материјалите.

Испрати коментар

Scroll To Top