Насловна / Арт и дизајн / Нова колекција светлосни скулптури: Уметноста на светлината во три димензии

Нова колекција светлосни скулптури: Уметноста на светлината во три димензии

На престижниот Salone del Mobile 2025 во Милано, италијанскиот бренд De Castelli ја воодушеви публиката со презентацијата на својата нова колекција луксузни светилки наречена Caleide – вистински светлосен спектакл позади кој стои талентираната дизајнерка Федерика Камарота.

Оваа поетска колекција зрачи со суптилна елеганција и занаетчиска совршеност. Во нејзиното средиште се наоѓа рачно изработена стаклена топка, опкружена со концентрични орнаменти од фино обработен метал. Светлината се рефлектира на текстурираната површина, создавајќи динамична игра на сенки и сјај што му дава на просторот нова димензија.

Моделите од колекцијата Caleide можат да се користат како ѕидни или тавански светилки, поединечно или во внимателно компонирани групации кои функционираат како уметнички инсталации. Секој модел е уникатен – благодарение на специфичните техники на оксидација, на металот се појавуваат природни, апстрактни траги, што ја прави секоја светилка вистински уникат.

Федерика Камарота користела не’рѓосувачки челик, месинг и бакар за производство, кои потоа ги подложила на оксидација и рачна обработка, постигнувајќи совршена рамнотежа помеѓу сировоста на материјалот и софистицираната завршница. Матните површини остануваат воздржани и елегантни, додека се освежени со мал бисерен сјај што ја евоцира атмосферата на луксузни ентериери.

Колекцијата Caleide нуди три декоративни мотиви – Caleide Eon, Caleide Eos и Caleide Éto – секој од нив достапен во три луксузни дијаметри: 30, 60 и 90 сантиметри, што овозможува максимална флексибилност во дизајнот на ентериери.

Овие светлосни скулптури не само што го осветлуваат просторот, туку и го трансформираат – внесувајќи го духот на контемплативната уметност и рафинираниот луксуз во дневните соби, трпезариите, ходниците или ексклузивните угостителски простори.

Преку колекцијата Caleide, Камарота ги поместува границите на разбирањето на современото осветлување – трансформирајќи ги функционалните предмети во емотивни предмети што покануваат на размислување и предизвикуваат естетско восхитување.

Испрати коментар

Scroll To Top