Насловна / Вести / Starbucks во Тексас ја отвори првата 3Д печатена кафетерија

Starbucks во Тексас ја отвори првата 3Д печатена кафетерија

Starbucks, кафе-гигантот со седиште во Сиетл, со повеќе од 17.000 локации низ целата земја, никогаш немал продавница како оваа што се отвори во градот Браунсвил во Тексас, долж границата меѓу САД и Мексико, каде што компјутерски контролирана роботска рака го извршувала поголемиот дел од работата со истурање еден слој бетон врз друг.

Локацијата – која е само со услуга „ drive-thru“ (нарачување од автомобил) – го прави Starbucks, еден од ретките големи трговци во земјата кои користел 3Д печатење за комерцијална изградба. Градежниците најчесто ја користат технологијата во станбената изградба, бидејќи се обидуваат да внесат иновации за справување со кризата со достапни станови.

Ова е прва кафетерија на Starbucks направена со 3Д печатење. Starbucks не открива дали се очекуваат повеќе продавници како оваа или зошто компанијата го избрала токму Браунсвил, кој има околу 190.000 жители и најмалку четири други локации во областа. На прв поглед, компактната правоаголна зграда со логото на Starbucks, изгледа како која било друга, но подетално набљудување открива набраздени ѕидови што личат на наредени цевки.

Градежните експертите велат дека продавницата е пример за индустрија која пронаоѓа начини за користење на технологијата.

„Сè уште е почеток“, вели Џејмс Роуз, директор на Институтот за паметни структури на Универзитетот во Тенеси. „Мило ми е што гледам луѓе како ги прават сите овие различни работи и мислам дека во одреден момент ќе откриеме која е најдобра употреба на оваа технологија. Но, во моментов мислам дека ќе видите многу експериментирање и мислам дека тоа е добра работа.“

Објектот на Starbucks од 130 квадратни метри направен е од слоеви бетон изградени од џиновска роботизирана машина-печатач, како дел од напорите на компанијата за модернизација на работењето и намалување на трошоците.

Германската компанија Peri-3D користела џиновска машина-печатач која „пумпа“ слоеви од бетонска смеса за да ја создаде структурата на зградата.

Според податоците на Одделот за лиценцирање и регулирање на Тексас, изградбата на оваа мала кафетерија чинела околу 1,2 милиони американски долари.

Испрати коментар

Scroll To Top