Клучен поим кога станува збор за активностите во врска со подобрувањето на микроклимата во главниот град на Австрија во претходните пет години е проширувањето на зелените површини и засадување на нови дрвја. Со 344 проекти во склоп на иницијативата „Да се ослободиме од асфалтот“, кои се спроведуваат во сите 23 општини односно окрузи, постигнати се рекордни резултати. Од една страна, се работи за финансирање на иницијативата „Климатски град за пример“, во износ од 100 милиони евра, под мотото „Отстранување на асфалтот – Озеленување – Разладување“, со цел Виена да се подготви за климатските промени. Од друга страна, тука е иницијативата „Офанзива на озеленувањето“, која работи на зачувување и зголемување на зелените површини. На тој начин, намален е бројот на урбани топлински острови, и значително е подобрена микроклимата.

Само во густо изградените блокови засадени се 85.500 m² зелени површини, а покрај асфалтираните површини се засадени над 3.300 стебла. Дополнително, создадени се и водени игралишта со вкупна површина од околу 2.000 m². „Офанзивата на озеленување“ во Виена продолжува и во текот на 2025 година, со проширување на паркови, отстранување на асфалтот, засадување на дрвја и сл.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија