Насловна / Архитектура / Информации за БИМАС 2025

Информации за БИМАС 2025

Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ известува за претстојното XXII Биенале на македонската современа архитектура БИМАС 2025. Рокот за пријава на Биеналето е предвиден за 1-ви август 2025 година.

Како и досега ќе можат да се пријавуваат проекти од областа на архитектурата, внатрешната архитектура и урбанизмот по различни категории. Пријавните листови, форматот на материјалите, категориите, кој може да учествува и сите технички детали наскоро ќе бидат објавени и пратени до членовите на ААМ.

За прв пат на БИМАС 2025 ќе бидат вклучени двајца селектори, тоа се проф. Виолета Бакалчев и проф. Минас Бакалчев, кои пристигнатите трудови од ќе треба да ги селектираат некаде до средината на месец август. Потоа селектираните учесници (автори и соработници), по евидентираната уплата на годишната членарина и котизација за учество по проект, ќе ги добијат пропозициите за каталогот и паноата за изложбата, која ќе се случува во Музеј на Современа уметност во Скопје од 6-ти до 20-ти октомври 2025 година.

Испрати коментар

Scroll To Top