Насловна / Вести / 60 години постоење на ИЗИИС

60 години постоење на ИЗИИС

Формиран набргу по најголемата катастрофа што некогаш и се случила на Македонија, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) , од тогаш до денес има важна улога во гарантирањето на стабилност и сигурност, а со тоа и на безбедноста и спокојот на граѓаните. Шест децении откако, како што во монографијата вели професорот Игор Ѓорѓиев – „ИЗИИС изникна како симбол на надеж, знаење и градење на нови темели за иднинатa”.

На 27 мај 1965 година, како одговор на катастрофалниот скопски земјотрес, се роди Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) – институција што стана симбол на знаење, отпорност и извонредност.

  • Основан со визија и поддршка од УНЕСКО и државата
  • Дом на првите магистерски студии по земјотресно инженерство во Европа
  • Една од првите виброплатформи во Европа
  • Стотици научни трудови, мисии и проекти низ целиот свет

Овој јубилеј не е само бројка – тоа е приказна за генерации инженери и научници кои го граделе, го градат и ќе го градат патот кон побезбедно општество.

Испрати коментар

Scroll To Top