Насловна / Вести / Heatherwick Studio реновирале продавница во Њујорк која внесува живот и во јавниот простор

Heatherwick Studio реновирале продавница во Њујорк која внесува живот и во јавниот простор

Архитектонското биро Heatherwick Studio ја обнови својата продавница Longchamp во центарот на Менхетен, преобојувајќи ги скулптуралните челични скали и додавајќи „тродимензионални теписи“.

Наречена La Maison Unique, продавницата првично е направена за луксузниот француски бренд Longchamp од Heatherwick Studio во 2006 година. Во тоа време, студиото додало кат на историската зграда SoHo од 1930-тите години и исеккло дупка низ средината за да се сместат масивни челични скали.

Челичната конструкција се протега по должината на ѕидот под голем кровен прозорец во средината на зградата. Челичните ленти што се протегаат вертикално, потоа се брануваат поединечно создавајќи големи скали и подест.

Heatherwick Studio кога прв пат работеле на продавницата ги споредиле брановидните челични ленти со рид, наменет да ги привлече луѓето по конструкцијата и да ги качи по неа.

При реновирањето на просторот, архитектите се насочиле кон метафората на ридот, пребојувајќи ги масивните скали во препознатливата енергетски зеленаата боја на Longchamp.

Според зборовите на основачот на Heatherwick Studiо, Thomas Heatherwick обновувањето на La Maison Unique, понудило ретка шанса за враќање на малопродажен проект, кога многу малопродажни концепти често се уриваат наместо да се реставрираат.

„Идејата е да не се уништи уште една продавница, туку всушност да се прилагоди и адаптира за иднината“, изјави Heatherwick за Dezeen. „Се надевам дека можеме да бидеме еден вид прилагодувачи и адаптери, но мора да се започне со правење нешто доволно искрено за некој доволно да се заинтересира за да каже: ‘Ајде да не го урнеме. Ајде да го адаптираме, прилагодиме и поправиме’.“

Вели дека проектот го смета за „еволуција“ на оригиналната продавница.

Околу скалите, студиото задржало уште еден клучен детаљ од оригиналот, балустрадите. Овие стаклени бариери биле загревани и виткани за да создадат ефект на свиткување – Heatherwick ги нарекува „препечени балустради“.

Еден од впечатливите детали во реновирањето е додавањето тепих во горниот дел од изложбениот салон.

Бирото соработувало со Lelièvre за да создаде текстуриран зелен „тродимензионален“ тепих што ќе се вклопи во столбовите во овој примарен малопродажен простор. Овој елемент од тепих се спушта низ столбовите до подот.

Столбовите го нагласуваат дрвениот спуштен таван, кој, слично на скалите, се спушта надолу во полици.

Овие дрвени аспекти овозможиле многу простор за изложување на стоки, а воедно го задржале карактерот на изложената тула на зградата.

Нeatherwick вели дека се надева дека преуредувањето на продавницата довело до поголема отвореност и дека оваа отвореност ќе има позитивно влијание не само врз искуството со купување, туку и врз општата атмосфера на блокот.

„Воопшто не ме интересира продажба“, вели Нeatherwick: „Но, едно од нештата што ги прават добрите продавници е да внесат живот во јавниот простор.“

Испрати коментар

Scroll To Top