Уште 500 улици во Париз се претворени во пешачки зони. Во изминатите две децении, Париз замени бројни сообраќајници со велосипедски патеки, а 50.000 паркинг места се трансгормирани во зелени површини. Се разбира, оваа трансформација, позитивно се одразува на квалитетот на воздухот. Во споредба со 2005 година, концентрацијата на PM честички опаднала за 55%, додека на азот диоксидот е намалена за 50%.

Освен споменатата мерка, во изминатиот период воведено е и ограничување во сообраќајот, како и забрана за возила кои највеќе загадуваат. Мапите на загадување на воздухот во Париз, покажуваат дека пред 20 години речиси сите делови на градот биле обележени со јака црвена боја. Денес, црвената боја е сведена само на тенка мрежа ограничена на најфрекфентните сообраќајници.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија