Во текот на минатата година се спроведе првата фаза од обуките за проектирање по Еврокодови. За потребите на обуката, Комората во својство на издавач, го финансираше изготвувањето прирачници и материјали за обуките, и тоа:
- Прирачник за основи на пресметување и дејства на конструкции според Еврокод,
- Прирачник за проектирање челични конструкции според Еврокод 3,
- Прирачник за проектирање бетонски конструкции според Еврокод 2,
- Прирачник за проектирање на конструкции за пожарна состојба според Еврокод,
- Прирачник за проектирање сеизмички отпорни згради според Еврокод 8 и
- Прирачник за геотехничко проектирање според Еврокод 7.
Прирачниците се поставени на веб страницата на Комората и можете да ги прегледате на следниот линк -> https://bit.ly/prirachnici-evrokodovi
Објавените прирачници во моментот можат само да се прегледуваат. Стручната служба на Комората подготвува нова опција на веб страницата на која сите активни инженери ќе имаат свој профил со податоци прилагодени за секој член. Покрај основната коресподенција со Комората, активните членови ќе имаат преглед на информации и материјали соодветно на својот професионален профил.
Координативното тело за спроведување на обуките подготвува распоред за овогодинешниот циклус на обуки. Во скоро време очекувајте распоред на обуките со формулари за пријавување.