Насловна / Вести / ДУП за Градска четврт 3 06 кај Алумина, предвидува кули од 35 и 25 ката

ДУП за Градска четврт 3 06 кај Алумина, предвидува кули од 35 и 25 ката

Во Општина Карпош од 1. декември во тек е јавна анкета по Предлог ДУП за Градска четврт 3 06, Блок 11 која трае до 15. месецов. Во овој период заинтересираните правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот можат да достават писмени забелешки на анкетните листови.

Јавната презентација за овој Предлог ДУП ќе се одржи на 12.12. (вторник) во 13 часот во просториите на општината.

2.-Soopstenie-Z06-blok-11-p_001

Планскиот опфат на овој ДУП-от зафаќа површина од 8.136 ха, се наоѓа помеѓу улиците „Прашка“, „8. септември“ и „Митрополит Тедосиј Гологанов“, поточно на местото на поранешната фабрика „Алумина“.

Предлог ДУП З 06 е изработен во септември 2023 година од планерската куќа „Тајфа архитекти“ од Куманово, планери се м-р Стефан Лазаревски, Биљана Насовиќ со соработниците Томаида Димитровска и Љубица Ефтимова.

Општина Карпош објави 3Д-презентации како ќе изгледа просторот кај поранешната фабрика „Алумина“. Предвидени се осум згради, од кои шест се со висина од 9 до 14 ката, а две се кули од 25 и 35 ката.

дд

На она што го нуди предложениот ДУП на својата фејсбук страница реагираат од граѓанската иницијатива „Борба за Влае“, кои во изминативе две години се најгласни и најупорни во борбата за хумано живеење во Општина Карпош. Тие велат: „Овој предлог ДУП со 35 катници не е предлог кој би го прифатиле советниците. Овој предлог ДУП со 35 катници е порака од градоначалникот за нив и за сите жители. Зградите во Алумина од 35 ката се врв на алчноста и непочитувањето кон сите жители на Карпош“.

Во 2020 година по долги преговори, компанијата „Пуцко Петрол“ го купи земјиштето на „Алумина“ за 18 милиони евра.

д1 Sintezen-plan-Z06-blok-11_001 д2

Испрати коментар

Scroll To Top