Насловна / Вести / Во ОН одбележан првиот Ден на нула отпад: Светот се гуши во ѓубре

Во ОН одбележан првиот Ден на нула отпад: Светот се гуши во ѓубре

На својата седумдесет и седма седница на 14 декември 2022 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои Резолуција со која 30 март се прогласува за Меѓународен ден на нула отпад, кој се одбележува секоја година. Турција, заедно со 105 други земји, ја предложи Резолуцијата следејќи други резолуции фокусирани на отпадот.

g3

Количината на цврст отпад што годишно се создава на глобално ниво, ќе се удвои од денешните две милијарди тони на четири милијарди тони до 2050 година, предупреди вчера генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на одбележувањето на првиот Ден на нула отпад, пренесоа агенциите.

g1

„Отпадот е убиец на луѓето, нашата планета, природните ресурси и екосистемите, додека глобалната економија губи милијарди секоја година поради отпадот. А купиштата ѓубре се зголемуваат. Лошо управуваниот отпад е трет по големина светски емитер на метан“, предупреди Гутереш од говорницата на Генералното собрание на ОН.

g2

Според податоците на Светска банка, човештвото годишно создава две милијарди тони комунален цврст отпад, а 33 отсто од тоа ѓубре не е соодветно третирано.

Гутереш ја повика меѓународната заедница да „возврати“ и да бара можности за „повторна употреба, рециклирање, пренамена, поправка и враќање на производите што ги користиме“.

g4

Во меѓувреме, обраќајќи им се на државите членки, првата дама на Турција Емине Ердоган, која ја предводи иницијативата на ОН за нула отпад, укажа на „маѓепсаниот круг на прекумерна потрошувачка“.

„Во свет каде што милиони луѓе немаат пристап до чиста вода за пиење, производството на една цигара троши 3,7 литри вода; факт кој длабоко го повредува секој одговорен граѓанин на светот“, рече Емина Ердоган.

Госпоѓа Ердоган го истакна глобалното прашање на трговијата со отпад како „надградена верзија на колонијализмот“, каде богатите нации продаваат токсични и опасни материјали на посиромашните земји.

Испрати коментар

Scroll To Top