Насловна / Вести / Глазгов: Град во кој туристите се чувствуваат најдобредојдено

Глазгов: Град во кој туристите се чувствуваат најдобредојдено

Според истражувањето на online магазин Time Out токму Глазгов е најпријателски град на светот. Притоа, не се мисли на места каде луѓето се лажно пристојни и љубезни, туку на места кои искрено Ви посакуваат добредојде. Time Out испитал повеќе од 20.000 жители ширум светот за храната, пијалоците, културата, социјалниот живот и одржливоста со цел да направи конечна листа. Интересно е дека неверојатни 78% од жителите на Глазгов сметаат дека нивниот град е пријателски настроен – и тоа повеќе од било кој друг град на светот. Шкотскиот град го надминал второпласираниот Манчестер, како и Даблин кој завршил ан третото место. Понатаму во топ 10 следуваат: Порто, Чикаго, Мумбаи, Монтреал, Маракеш, Тајпеj и Акра. Интересно е дека само 8% од жителите на Париз смета дека парижаните се пријателски настроени кон туристите, Исто така овој процент е релативно низок (20%) и во Токио и Мексико Сити.

glasgow1

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top