Насловна / Вести / Вложувањето во зелена енергија е неколку пати поисплатливo отколку во фосилни горива

Вложувањето во зелена енергија е неколку пати поисплатливo отколку во фосилни горива

Инвеститорите во секторот на електрична енергија од обновливи извори, константно ја надминуваат конкуренцијата во фосилни горива според оставрената добивка на глобално ниво. Ова го утврдиле во својата анализа Imperial College и IEA. Вкупниот поврат во последните десет години бил 367% поголем.

Вложувањето во зелена енергија има јасни предности, а глобалното портфолио поврзано за  обновливите извори има послаба корелација со поширокиот пазар, отколку фосилните горива, особено од почетокот на кризата во светската економија предизвикана од пандемијата на корона вирус, открива новиот извештај. Imperial College Business School од Лондон и неговиот Центар за климатски финансии и инвестиции, во соработка со Меѓународната агенција за енергетика (IEA), заклучиле дека односот на ризикот и повратот на вложеното е многу поповолен кај електричната енергија од обновливи извори, и при типични услови на пазарот како и во криза.

imperial1

Во анализата се испитуваат перформансите на компаниите кои котираат на берзите, од секторите на зелена електрична енергија и фосилните горива.  За жал, некои од најголемите играчи во обновливите извори не се вклучени бидејќи нивните активности надвор од секторот на обновливи извори ги „заматуваат“ конечните бројки, па во извештајот се сугерира дека се потребни постандардизирани податоци и информации во ограноците во рамките на фирмите. Авторите уште заклучиле дека на пазарот нема такви инструменти за инвеститорите кои би одговарале на портфолијата составени со цел спроведување на истражувањето.  Во документот стои дека најверојатно скокот на бројот на иницијални јавни понуди на берзите на акции забележен во последно време e логична реакција на се поголемата побарувачка за отворање кон обновливите извори на енергија.

Според секое сценарио, инвестициите во енергетиката би морале да се подигнат од нивото остварено минатата година, за да се достигне порастот на побарувачката, се истакнува во анализата и укажува на многу докази дека е финансиски изводливо да се финансира транзицијата од фосилни горива на полето на производство на електрична енергија.

imperial2

 

Испрати коментар

Scroll To Top