На улиците на Токио поставени се јавни тоалети со транспарентни стаклени sидови осветлени во разни бои.

Тоалетите се поставени во двата парка Шибује, деловниот дел на јапонската престолнина, и се дело на архитектот и дизајнер Шигеру Бан.

Тие се дизајнирани да решат два проблеми при користење јавни тоалети – да можат луѓето да проверат дали е чисто без да влезат и да знаат дали има некој внатре.
Сега жителите на Токио треба само да погледнат низ обоеното стакло.

Секако, не би било многу пријатно да одите во тоалет и да ве набљудува целата улица, но Јапонците не би биле Јапонци доколку не би смислиле решение и за тоа.
Штом некој влезе во тоалетот и ја заклучи вратата, стаклото веднаш се замаглува и повеќе низ него не може да се гледа.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија