Насловна / Вести / Пријавете се за четвртата летна школа на Енергетската заедница

Пријавете се за четвртата летна школа на Енергетската заедница

Пријавувањето за шетвртата летна школа на Енергетската заедница е веќе отворено и ќе трае до 31ви март 2019. Вкупно 40 кандидати ќе бидат избрани за овогодишното издание на школата која ќе биде одржана во Краков, Полска. Домаќини на летната школа од 24ти до 31ви август ќе бидат Jagiellonian University и AGH University of Science and Technology во Краков. Летната школа, оваа година ќе опфати научни, правни, економски, културни, политички и технички аспекти од снабдувањето со енергија. Во текот на одржувањето на школата учесниците ќе имаат прилика да слушаат предавања од еминентни професори, експерти и стручњаци од водечките енергетски компании. Школата им нуди можност на 40 постдипломци и млади професионалци да стекнат темелно знаење за сите аспекти на енергетскиот сектор и  им пружа платформа за размена на мислења и искуства, како и придонес кон обликувањето на секторот во иднина.

Летната школа, како што наведува Секретаријатот, е наменета за високо мотивирани магистри, докторанти или доктори на науки, млади стручњаци од владините институции, истражувачки центри, компании и граѓански организации. По прв пат оваа година, школата ќе биде отворена за највеќе 5 учесници од земјите кои не се членки на Енергетската заедница. Учеството е бесплатно за сите кандидати кои ќе бидат избрани (линк за пријавување)

Првата летна школа одржана е 2016 година во Тирана, втората во 2017 во Охрид, а третата во Сплит минатата година.

sumer-school2

summer-school-2019

summer school3

Испрати коментар

Scroll To Top