Насловна / Порта3 / Мери Батакоја: Архитектурата најдобра и најрадосна професија

Мери Батакоја: Архитектурата најдобра и најрадосна професија

Image

Специјалната награда што на дипломците по архитектура им ја доделува компанијата “АДИНГ” годинава отиде во рацете на Мери Батакоја, за најдобра дипломска работа.

-Станува збор за повеќенаменски монтаж ен објект на работ на градот Скопје. Објектот е наменет за трговија, образование и администрација со посебно внимание на сите еколошки аспекти. Мојата дипломска работа содржи алтернативни енергетски концепти – вели Мери Батакоја.

На прашањето од “ПОРТА 3” како го коментира хаосот на стилови и бои што во последниве години доминира во нашето опкруж ување таа вели дека проблемот лежи во индивидуалната етика.

-Сигурна сум дека секој инвеститор сака да инвестира во добар проект. Со упорност може да се постигне баланс меѓу барањето на инвеститорот и понудата на архитектот – објаснува Батакоја.

Во врска со идните планови таа се уште не одлучила дали ќе почне веднаш да работи или ќе се дообразува.

Архитектурата за мене е најдобрата и најрадосната професија – вели Мери Батакоја.

Овјавено во број 84.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top