Насловна / Вести / Претседателот Црвенковски на најдобрите дипломци им го врачи Инженерскиот прстен

Претседателот Црвенковски на најдобрите дипломци им го врачи Инженерскиот прстен

Image

По петти пат пред светиклиментовиот храм на Плаошник

На осумте најдобри дипломци од техничките факултети претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски им го врачи признанието “Инженерски прстен 2008”. Добитници на признанието “Инженерски прстен 2008” се Катерина Банџо од Факултетот за земјоделски науки и храна, Бранислав Ѓорѓевиќ од Архитектонскиот факултет, Бојан Јованоски од Машинскиот факултет, Бојан Симовски од Шумарскиот, Гоце Тасески од Градежниот, Емилија Тошиќ од Технолош ко-металуршкиот, Киро Триводалиев од Факултетот за електротехники и информатички технологии и Зоран Трпевски од Техничкиот факултет во Битола.

На свеченоста што се одржа петти пат по ред на Денот на инженерството во Македонија на платото пред Светиклиментовиот храм “Свети Пантелејмон” на Плаош ник, Црвенковски изрази верување дека оваа мотивирачка награда ќе претставува предизвик за нивно натамошно лично усовршување како предуслов за остварување успешна професионална кариера.

– Докажувајќи ја вашата определба и подготвеност да го заврш ите вашето досегашно образование како најдобри, верувам дека тој мотив и порив ќе продолжи да ве води понатаму во вашето лично усовршување. Вакви талентирани кадри – инженери на Македонија £ се неопходни заради остварување на сите наши стратешки определби, а најмногу заради нашиот квалитетен економски раст и развој во иднина. Само така нашето учество во сите сегменти на глобалниот развој може да има забележан успех, со што најдобро ќе се афирмира нашата држава, истакна тој, порачувајќи им на добитниците дека мораат да бидат свесни дека инженерството не се само теориите и фактите со кои излегле како најдобри од факултетите, туку подразбира една сеоп- шта информираност за моментот во кој живеат.

Претседателот на Инженерската институција на Македонија Александар Димитров рече дека токму инженерскиот кадар е клучен фактор или движечка сила на економијата и на индустрискиот развој во високоразвиените земји и земјите во развој.

Објавено во број 84.

Испрати коментар

Scroll To Top