На 12. април се навршија 65 години откако Јуриј Гагарин го изведе првиот човеков лет во вселената. Така познатиот космонаут со незаборавна насмевка влезе во историјата, а во негова чест, на 12 април во Русија се одбележува Денот на космонаутиката. Многу е напишано и кажано за овој подвиг и за Гагарин, но сепак има некои факти кои се помалку познати.

„Оваа година, Русија и целиот свет ја слават 65-годишнината од легендарниот лет на Јуриј Гагарин. Ова историско лансирање стана еден од најмонументалните настани на 20 век, отворајќи нова ера во историјата на цивилизацијата“, им рече рускиот претседател Владимир Путин на учесниците на Рускиот вселенски форум.
Летот на Јуриј Гагарин во вселенското летало траел 108 минути, а неговото успешно враќање го означи почетокот на нова ера во истражувањето на вселената и освојувањето на космосот. Дури и денес, постојат бројни интересни факти и помалку познати детали кои предизвикуваат интерес на јавноста.

Двојници
Првиот човек во вселената, Јуриј Гагарин, имал два двојници – Герман Титов и Григориј Нељубов. Двајцата биле во првата група советски космонаути. Нељубов се сметал за резервен кандидат, па за разлика од Гагарин и Титов, не облекол скафандер, туку бил подготвен да лета ако биде неопходно.

Збогувачко писмо
Два дена пред летот во вселената, Гагарин напишал збогувачко писмо до сопругата Валентина и децата, во случај на трагичен исход на мисијата.
„Здраво, мои мили, многу сакани Ваљечка, Леночка и Галочка.
Одлучив да ви напишам неколку реда за да ја споделам со вас радоста и среќата што ме снајде денес. Денес владината комисија одлучи да ме испрати во вселената како прв човек. Знаеш, драга Ваљуша, колку сум среќен и сакам и вие да бидете среќни заедно со мене. На обичен човек му е доверена толку голема државна задача да го отвори патот за прв пат во вселената!
Досега живеев чесно, искрено, за корист на луѓето досега, иако таа корист беше мала. Уште како дете ги прочитав зборовите на В. П. Чкалов: ‘Ако треба да бидеш нешто – биди прв’. Ете, јас се трудам да бидам тоа и ќе бидам до крај.
Сакам, Ваљечка, да го посветам овој лет на луѓето на новото општество, на комунизмот во кој веќе влегуваме, на нашата голема татковина и на нашата наука“.
Ова писмо неговата сопруга го добила дури седум години подоцна, по неговата смрт во авионска несреќа на 27 март 1968 година.

Резервни копчиња
Јуриј Гагарин еднаш раскажал како, кога посетувал разни земји, носел резервни копчења со себе. Ова било затоа што, кога се среќавал со него, обожавателите не само што се обидувале да го допрат, прегрнат или бакнат, туку и земале нешто како сувенир. Копчињата често биле кинети од неговата униформа.
Ручек со кралицата (три верзии)
За време на посетата на Велика Британија во 1961 година, Гагарин ручал со кралицата Елизабета. Постојат неколку верзии за тоа како изгледала средбата:
- во една верзија, Гагарин го изел лимонот од чајот, а кралицата го сторила истото
- во друга, рекол дека е од село и дека јаде со лажица, па кралицата тоа го прифатила
- во трета, изел варено јајце во бујон, што се сметало за невообичаено за дворскиот бонтон.

Непознат факт за летот на Гагарин во вселената
Штом модулот за спуштање се одвоил, Гагарин почнал да лета кон земјата со молскавична брзина, при што делот каде што тој се спуштал, поради големата брзина практично се вжештил – толку многу што пламените можеле јасно да се видат низ прозорците. Во тој момент, космонаутот се збогувал со животот, бидејќи иако знаелдека капсулата е предвидена за овие температури, тоа никогаш не било тестирано во реалноста.

Еден од двата падобрани не му се отворил
Веќе во 10:41 часот, Гагарин се катапултирал од модулот за слетување, но тогаш се случила уште една непријатност – основниот падобран му се отворил без никакви проблеми, но резервниот само паднал од ранецот и останал затворен. „Додека летав низ облаците, дувна лесен ветер, па се отвори и вториот“, рекл Гагарин откако слетал на земја. Буквално три пати за 20 минути, тој бил на работ на смртта.
Не успеал да слета таму каде што требало
Поради проблеми со одвојувањето на модулот за слетување, траекторијата по која Јуриј Гагарин се движел кон земјата се променила. Како резултат на тоа, тој го промашил местото каде што требало да слета, во Хвалинскиот регион во Саратовската област и слетал на земја 180 километри подалеку, недалеку од селото Смеловка. Местото на слетување носи силна симболика – дел од името на селото – „смело“, совршено го опишува подвигот на Гагарин.

Немал што да облече кога слетал
Околу 17 часот, Гагарин конечно тргнал кон своето сместување, но кога влегол внатре и сакал да се опушти и да се пресоблече, сфатил дека нема ништо од обична, цивилна гардероба – сè што имал останало на космодромот Бајконур, од каде што и полетал. И, што можел да направи – го помина остатокот од денот во она што го имал, синото одело во кое се наоѓал во Земјината орбита.

На крајот и врвката му се одврзала
Кога Гагарин пристигнал во Москва на 14 април, го пречекала толпа луѓе. Тој ден, тој требало да се сретне и со Никита Хрушчов и да го информира за својот лет. Додека излегувал од авионот, врвката од чевлот на Гагарин се одврзала. Тој некако се симнал, внимавајќи да не се сопне, а тој комичен момент бил најновиот во низата непланирани.
Споменици на Гагарин низ целиот свет
Вкупно, има повеќе од 250 официјални споменици и бисти на Јуриј Гагарин низ целиот свет, а најверојатно и десетици „неофицијални“.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија