Насловна / Вести / 600 илјади денари за најдоброто идејно решение за универзитетот „Мајка Тереза“

600 илјади денари за најдоброто идејно решение за универзитетот „Мајка Тереза“

Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на Универзитетски комплекс за Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје е објавен на Бирото за јавни набавки. Комисијата која ќе го врши изборот има 6 професори -членови и шест нивни заменици.

Првата награда за избраното идејно решение е 600 илјади денари или околу 10 илјади евра, втората награда – 500 илјади денари и третата награда – 400 илјади денари. Доделените парични награди истовремено претставуваат авторски надомест за отстапување на правата за користење на трудовите. Плановите може да бидат испратени најдоцна до 2 октомври.univerzitet-majka-teresa

Најновиот, шести државен универзитет во земјава „Мајка Тереза“, почна да работи во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија во 2016 година. Составен е од пет факултети – за технички науки, за градежништво и архитектура, за технолошки науки, за информатика и за социјални науки, со вкупно 14 студиски програми. Почетокот на изградбата се планира за годинава на местото на касарната „Илинден“.

Наставата се изведува на албански, англиски и македонски јазик.  Со ребалансот на буџетот за 2017, од предвидените речиси 82 милиони евра, најновиот универзитет доби 30 милиони помалку, или 55.2 милиони евра. Тогашниот министер за образование и наука, Пиштар Љутфиу, истакна дека има недостиг на студенти, но и на кадар.

Испрати коментар

Scroll To Top