Насловна / Градежништво / 45 години од основањето на Друштвото за патишта на Република Македонија

45 години од основањето на Друштвото за патишта на Република Македонија

drustvo na patista na rm_resize
Друштвото за патишта на Република Македонија (ДПМ), годинава прославува важен јубилеј – 45 години од своето основање. По тој повод утре, на 9-ти јануари 2014 година, во амфитеатарот на Градежниот факултет во Скопје ќе има одбележување на јубилејот и меѓународно стручно советување на тема: „Автопатиштата, клуч за понатамошен економски развој на Република Македонија“, на кое поканетите учесници со свои предавања ќе дискутираат за изградбата на автопатиштата од сите аспекти (планирање, проектирање, изградба, одржување, управување и безбедност).
На овој свечен настан ќе бидат доделени и пригодни признанија за истакнати институции и поединци, кои во изминатиов период оставиле свој белег во патоградбата. Воедно ова ќе биде големо признание за заложбите на сите генерации на градежни инженери кои придонесле во досегашниот развој на патната мрежа во РМ.
Друштвото за патишта на Република Македонија претставува стручна асоцијација на сите градежни инженери по патишта од Република Македонија и воедно тоа е една од најстарите стручни асоцијации во Република Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top