Насловна / Вести / 41. Меѓународен саем за градежништво во Белград – „Ја градиме иднината заедно“

41. Меѓународен саем за градежништво во Белград – „Ја градиме иднината заедно“

saem vo belgrad 2015 (8)

Меѓународниот саем за градежништво SEEBBE е традиционален настан кој се одржува секоја година на почетокот на пролетта во Белград. Оваа година беше отворен по 41. пат и траеше пет дена, од 15 до 19 април. Главен покровител на манифестацијата, под амбициозниот слоган „Ја градиме иднината заедно“, беше Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура. saem vo belgrad 2015 (10)

На штандовите во шест изложбени сали и отворениот простор, беа претставени учесниците од следниве сегменти: истражување и проектирање, изградба и одржување на објектите, високоградба, нискоградба, најсовремени материјали, градежни машини, уреди и алати, информациски технологии, најсовремени системи за градба, опремување на објектите и ентериери.saem vo belgrad 2015 (4)

Саемот е добра шанса за сите заинтересирани, пред почетокот на градежната сезона, да ги видат технологиите, иновациите, материјалите и производите што се достапни на пазарот во Србија и регионот. Оваа година, на традиционалната национална изложба се претставија пет земји: Турција, Кина, Чешка, Унгарија и Хрватска. Организаторите ја нагласија перспективноста во српското градежништво преку најавените големи градежни проекти, како проектот „Белград на вода“ што би можел значително да ја подигне замрената градежна индустрија низ ангажирање на располoжливите технички ресурси, во случај тој проект да влезе во фаза на реализација како што е најавено. saem vo belgrad 2015

На саемот беше презентиран уште еден голем проект „Тесла град“, инвестиција на два милиони квадрати составена од станбени и деловни објекти, паркови, хотели, трговски центри и објекти со културна содржина. Покрај ова, претставена е идејата за проширување на аеродромот во Белград, во вредност од преку дваесет милиони евра. Аеродромот Белград после инвестицијата би требало да има зголемен терминален капацитет за 20 отсто, помеѓу три и осум квадрати комерцијална содржина.saem vo belgrad 2015 (2)

Традиционално, на самиот влез на Саемот се наоѓаа монтажни куќи, викендици и куќи изградени по најсовремени технологии, каде беа изложени и производите од секторот за градинарски мебел. Салата 2 беше поделена во три дела каде беа сместени сите видови на градежни материјали од едната страна, додека во другото ниво од истата сала беа изложени производи од бетон, уреди за климатизација и греење, а на третото ниво од истата сала се наоѓаа производи од керамика, мебел за бањи, опрема за базени и сауни. mobile casino alt=”saem vo belgrad 2015 (3)” src=”https://www.porta3.mk/wp-content/uploads/2015/04/saem-vo-belgrad-2015-3.jpg” width=”620″ height=”412″ />

Во Сала 3 можеше да се видат хидро, термо и звучни изолации како и материјали за завршна обработка – бои, лакови, мешавини и милерски алат. Во најголемата Сала 1, беше изложена програмата на столарија, опрема за уредување на ентериери и осветлување. Во Сала 4, потенцијалните купувачи можеа да најдат лифтови, монтажни објекти, преградни ѕидови, подни и ѕидни облоги.

saem vo belgrad 2015 (5)

Оваа саемска манифестација во иднина се очекува да биде место на деловни средби, размена на идеи и договори за соработка меѓу учесниците. Освен изложбената програма, настанот беше надополнет со бројни презентации, стручни собири и предавања. И покрај добрата организација и присуството на изложувачи од голем број земји, забележан е помал број на изложувачи од претходните години, заради што просторот во некои сали беше намален а штандовите концентрирани во центар на салата. Можеби најавените настани и инвестиции ќе доведат до зголемување на бројот на изложувачи на накој следен саем на градежништво, кој конечно би тргнал во „заедничка иднина“, по слоганот на овогодишната манифестација, што во тој случај би имал смислено значење. Дали ќе биде така,останува да видиме во наредниот период, во „иднината што ја градиме“.

saem vo belgrad 2015 (6)

Испрати коментар

Scroll To Top