Насловна / Дневни Вести / Околу 40 милиони денари за изградба и реконструкција на комуналната инфраструктура во Струмица

Околу 40 милиони денари за изградба и реконструкција на комуналната инфраструктура во Струмица

strumica-infrastruktura.jpgСтрумица – Во општина Струмица е во тек реализацијата на триесетина комунални и инфраструктурни објекти предвидени со програмата за оваа година, а финансирани со околу 40 милиони денари од касата на општинскиот буџет.
Во моментов интензивно се работи на комплетната реконструкција на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во вкупна вредност од 3,5 милиони евра. Финализацијата на овој капитален проект треба да биде заокружена до почетокот на декември оваа година.

Исто така, градежната оператива континуирано работи на тампонирање и
асфалтирање на улици, поплочување на тротоари, изведба на водоводни и
канализациски мрежи, замена на покривни конструкции и реновирање на
фасади и сали во домовите на културата, изградба на мостови, уредување
на речни корита, порои, палнински патеки до излетничките места и
спомен-паркови, како и на други објекти во градот и во населените места.
– Во оваа летна фаза на реализација на програмата за 2010 година се
опфатени повеќе објекти во населените места Банско, Габрово, Муртино,
Добрејци, Костурино, Куклиш и во Струмица. Вкупната вредност на оваа
буџетска активност изнесува над 150 милиони денари, а приоритетната
изградба на објектите произлезе од предлозите и желбите на граѓаните
изнесени на собирите што пред заокружувањето на програмата беа одржани
во урбаните и месните заедници, како и од стручните проценки на
одделенијата за урбанизам и локален еконмски развој и на ЈПКД
„Комуналец“, изјави градоначалникот на Струмица Зоран Заев.
Покрај ова, неодамна беше завршено асфалтирањето на три улици во
Добрејци и во Дабиле, а наскоро се очекува да почнат финалните работи
околу доградбата на периферниот одводен канал кој ќе ги оневозможи
досегашните чести поплави на кои е изложена Струмица по поројните
дождови. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top