Насловна / Архитектура / 3XN проектираше нов стадион за Олимпискиот парк во Минхен

3XN проектираше нов стадион за Олимпискиот парк во Минхен

Компанијата 3XN ја проектираше новата повеќенаменскa арена на местото на поранешниот стадион во Олимпискиот парк во Минхен.  Компанијата од Копенхаген ја доби оваа работа во партнерство со германската компанија LATZ+PARTNER со задача да проектира арена со капацитет од 11.500 места, која ќе биде дом на германскиот шампионски хокеарски тим Munich Red Bulls и германските кошаркарски шампиони FC Bayern Munich.

Новата овална конструкција “природно и соодветно се вклопува во ветски познатиот Олимписки парк”. Зелениот покрив е комбиниран со фасада од вертикални ламели, со цел да се дозволи мешање со урбаниот контекст и целосно вклопување во релјефот на местото. Во близина на стадионот, три дополнителни терени – лизгалишта ќе служат како места за тренинг, но и за потребите на рекреативците. Церемонијата на свеченото отворање за помошните терени е планирана до крајот на зимава, додека отворањето на стадионот е закажано за летото 2021 година.

3XN1

3XN2

3XN3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top