Насловна / Архитектура / 20х20 Денови на Орис 20

20х20 Денови на Орис 20

Денови на Орис е меѓународен архитектонски симпозиум организиран од списанието Орис и се одржува од 2001 година. Секоја година собира повеќе од 2000 посетители – архитекти и професионалци од сродни области. Досега, повеќе од 300 предавачи, врвни експерти од целиот свет, учествувале на Деновите на Орис.

Оваа, по многу нешта посебна 2020 година, на ред се јубилејни 20 х 20 Денови на Орис 20.

Dani_Orisa_20

Фестивалот Денови на Орис 20, кој ќе се одржи на 10, 11 и 12 декември 2020 година, конципиран е он лајн, како 20 предавања по 20 минути, со јавување во живо од Орис Куќата на архитектура во и интеракција на предавачите, публиката и спонзорите.

Досега потврдени предавачи се:

Sou Fujimoto – основач на Sou Fujimoto Architects. Добитник на „Златен лав“ на Биеналето во Венеција 2012. Добитник на највисокото признание на Светскиот архитектонски фестивал во категоријата приватни куќи;

sou

Смиљан Радиќ & Marcela Correa – Смиљан Радиќ е избран од Здружението на архитекти на Чиле за најдобар чилеански архитект помлад од 35 години. Во текот на 2008 година, бил визитинг професор на Харвард, заедно со постојаната соработничка, скулпторката Marcela Correa. Во 2020 година е избран за дописен член на Хрватската академија на науките и уметностите;

RCR Arquitectes - Ramon Vilalta Pujol, Rafael Aranda Quiles, Carme Pigem Barceló. Добитници на наградата за архитектура Прицкер во 2017 година;

rcr

Дарко Радовиќ – професор по архитектура и урбанизам на Универзитетот Кеио во Токио, каде го води co+labo radoviс, истражувачка лабораторија која се занимава со концепти на урбанизам и одржлив развој;

Tadao Ando - еден од водечките јапонски и светски архитекти, добитник на наградата Прицкер и почесен член на Американскиот институт за архитекти и Кралската академија на уметностите во Лондон;

tadao

Idis Turato  - архитект од Риека, комесар на хрватскиот настап на Венециското биенале за архитектура 2020 и еден од авторите на програмата Риека – Европска престолнина на културата 2020 година;

Bevk Peroviс arhitekti – студио кое зазема централно место на словенечката архитектонска сцена. Автори на клучни проекти на современата словенечка архитектура, добитници на наградата Piranesi 2020;

Thom Mayne – меѓународно признат американски архитект, основач и директор на интердисциплинарната архитектонска фирма Morphosis. Добитник на наградата Прицкер во 2005 година;

tom

Boonserm Premthada – повеќепати наградуван италијански архитект и основач на бирото Bangkok Project Studio;

Anna Heringer – германски архитект чија работа е обележана со општествен ангажман, одржлив развој и трансдисциплинарен пристап;

Barclay & Crousse – перуански архитекти, добитници на наградата Mies Crown Hall Americas 2018., Oscar Niemeyer 2016., Перуански награди за архитектура 2014. и 2018., исто така и награда на Латинска Америка 2013.;

barcly

Bernard Khoury – еден од основачите на Арапскиот центар за архитектура и претставник на Кралството Бахреин на Венециското биенале за архитектура 2014;

bernard

Jordi Badia – основач и директор на шпанското архитектонско студио BAAS, едно од клучните имиња на современата каталонска архитектура.

Иван Ѓикиќ – добитник на најважната германска научна награда Gottfried Wilhelm Leibniz и член на Leopold и Европската академија на науки

Златко Угљен – професор Емеритус на Архитектонскиот факултет и Академијата на ликовни уметности во Сараево, добитник на бројни награди, вклучувајќи ја и наградата за архитектура Ага Кан

Мирко Илиќ – дизајнер, илустратор, активист, чии дела се застапени во збирките на институции како што се Smithsonian Museum, SFMOMA во Сан Франциско, MoMA во Њујорк;

Aires Mateus – португалски архитект, предава на Архитектонската академија во Mendrízi, Швајцарија од 2001 година и е професор на автономниот универзитет во Лисабон од 1998 година;

Kengo Kuma – еден од најистакнатите меѓународно признати јапонски архитекти на денешницата, професор на Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Токио;

kengo

Alberto Campo Baeza – наградуван шпански архитект, член на San Fernando Academy of Fine Arts, една од најпрестижните шпански културни институции

Модератори се: Динко Перачиќ и Мароје Мрдуљаш.

Спонзори: Град Загреб и Музеј на современа уметност Загреб

За подетални информации во врска со предавачите и програмата, посетете ја веб-страница www.daysoforis.com

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top