Насловна / Дневни Вести / Арктичкиот мраз би можел да се истопи до 2030 година

Арктичкиот мраз би можел да се истопи до 2030 година

arktik.jpgВашингтон – Мразот на Арктикот продолжи да се топи и ова лето, иако не со така алармантна брзина како во 2007 година, предупредуваат американските научници.
Тие наведуваат дека покривката од мраз на Арктикот рекордно се намалил и дека доколку топењето прдплжи со ова темпо мразот во оваа област ќе исчезне до септември 2030 година.

На почетокот на септември, кога мразот го достигнува своето најниско
ниво, тој покриваше само 4,76 милиони километри квадратни од Арктичкиот
Океан, што е трет најмал минимум на делбелина на мразот од кога постои
сателитско мерење, се истакнува во годишниот извештај на Националниот
центар за снег и мраз (НСИДЦ) при Универзитетот во Колорадо.

Американскиот експерт Волт Мејер од НСИДС изјави за Би-Би-Си дека оваа
година мразот се „топел невообичаено брзо“ и дека сезоната на топење –
период од максимум до минимум здебелување на мразот, била пократка од
вообичаеното.

– Арктикот како цела планета се загрева и тоа брзо. Почнуваме да
увидуваме дека мразот на тоа реагира и дека постои општ тренд на
намалување на покривката од мраз, изјави директорот на НСИДЦ, Марк
Серизи.

Тој додаде дека мразот на Арктикот се намалува за 11 отсто на секои
десет години. – Ако на 1 септември 2030 година се најдете на Арктикот
најверојатно нема да видите ни трошка мраз, туку само син океан,
предвидува Серизи.

Според податоците на американската Национална вселенска агенција (НАСА),
последните месеци биле најтопли на Арктикот во последните 130 години.
(МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top