Насловна / Вести / 20 компании се одговорни за 55% од пластиката за еднократна употреба

20 компании се одговорни за 55% од пластиката за еднократна употреба

Активистите за заштита на животната средина, за глобалната криза околу пластичниот отпад главно ги обвинуваат брендовите за потрошувачка стока како на пример Coca – Cola. Само 20 компании, со поддршка на мала група финансиски институции, се одговорни за производство на 55% од еднократната пластика – предмети кои се фрлаат веднаш по нивната употреба.  Тој материјал ги загадува водотеците ширум светот и прекрива огромни површини на океаните. Според наодите од Извештајот “Индекс за причинителите на пластичен отпад“ (Plastic Waste Makers Index), ExxonMobil и Dow од САД се најголем извор на полимери за овие контроверзни производи, а следува Sinopec, во сопственост на Кина. Документот објавен од страна на Minderoo Foundation укажува на најодговорните играчи во петхохемиската индустрија, но и на нивните финансиери. Barclays, мултинационалната банка од Велика Британија, е најголем кредитор во таа индустрија. На врвот се и најголемата американска банка JPMorgan Chase и Citigroup, двете со седиште во Њујорк, како и Bank of America и HSBC, најголемата европска банка.

plasticindex1

plasticindex2

Речиси 60% од комерцијалните позајмици за производство на еднократна пластика се обезбедени од само 20 светски банки, пресметале истражувачите. Што се однесува до сопствениците на активата, најголема поддршка на овој сектор му пружаат државните фондови на Саудиска Арабија, Кина и Обединетите Арапски Емирати. Индексот исто така ја истакнува и улогата на управувачите со инвестициските фондови, а нив ги предводат Vanguard Group и BlackRock. На листата на петрохемиската индустрија се наоѓаат 100 ентитети, а заедно тие произведуваат вкупно 90% од суровините за производство на пластика за еднократна употреба.

Во други слични извештаи, највеќе се обвинуваат Coca – Cola и други брендови за пијалоци и прехрамбена стока, но фокусот треба да биде на производството од полимери добиени со рециклирање на пластичен отпад, модели за повеќекратно користење и алтернативни суровини, истакнуваат авторите. Тие истакнуваат дека само 2% од пластиката за еднократна употреба се прави од рециклиран материјал, но и дека компаниите и банките треба да бидат обврзани да објавуваат релевантни податоци. Извештајот вклучува и информации за земјите кои највеќе придонесуваат за кризата предизвикана од пластиката за еднократна употреба. Најголема количина ваков отпад по жител се генерира во Австралија – 59 килограми годишно, а следни се САД со 53 килограми.

plasticindex3

Испрати коментар

Scroll To Top