Насловна / Вести / 163 години од раѓањето на Никола Тесла (видео)

163 години од раѓањето на Никола Тесла (видео)

На денешен ден пред 163 години во Смиљане, Лика, тогашно Австриско царство, роден е Никола Тесла (1856 -1943) како четврто дете од пет деца на Милутин, српски православен свештеник и Георгина.

tesla4
Никола Тесла е брилјантен пронаоѓач и научник во сфера на физика, електротехника и радиотехника. Неговите фундаменталини откритија се обртно магнетно поле, индукциски мотор, наизменична струја и нејзино произведување и користење, високонапонски генератор (Теслин калем), телеавтомат, робот-брод на далечинско управување, светски систем на бежичен пренос, турбини засновани на нов принцип на користење енергија на флуиди по пат на триење. Неговите 112 патенати одобрени во САД, а 168 во други држави, како и 55 изуми за кои не добил патенти, неповратно го измениле светотот и начинот на живот на современиот човек. Или како што велел самиот Тесла: „Ако имам среќа да остварам барем некои од моите идеи, тоа ќе биде благослов за целото човештво“.

Соочени со ова неисцрпно наследство, илјадници истражувачи низ светот се уверени дека делото на Никола Тесла има уште многу нешта да ни каже и дека неговите нови плодови ќе продолжат да го восхитуваат светот.

Тесла умира од срцев удар, сам во хотелсккот апарман 3327 на 33. кат на „Њујоркер“ хотелот на 7. јануараи1943. година на 87. години. По тој повод градоначалникот на Њујорк Лагвардија рекол: „Никола Тесла умре. Умре сиромашен, но беше еден од најкорисните луѓе кои некогаш живееле. Тоа што го создал е големо, како поминува времето ќе стане уште поголемо“.

тесла

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top