Насловна / Вести / 11. издание на филмскиот фестивал „Астерфест“

11. издание на филмскиот фестивал „Астерфест“

aster fest

Вечерва, 27 мај, во големата сала на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19.30 часот започнува единаесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Фестивалот оваа година се одвива под мотото „Еден филм насекаде, сите на Астерфест“.

На свеченото отворање ќе им бидат доделени награди на овогодишните лауреати – режисерот Киро Урдин (добитник на признанието Астер за високи достигнувања во документарниот филм) и на актерот Боро Стјепановиќ (добитник на почесното признание за високи достигнувања во филмот).

Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани три ексклузивни кратки филма: британскиот краток игран филм „Телефонски повик“ на Мет Киркби кој доби Оскар оваа година, американскиот документарец „Бела земја“ на Кристијан Јенсен кој беше номиниран за Оскар и рускиот повеќекратно наградуван анимиран филм „Кокошката“ на Васил Бедошвили.

По кратката пауза филмскиот маратон ќе продолжи со уште четири анимирани филмови и пет турски кратки филмови од програмата „Мувиленд“.

Официјалното жири кое ќе ги оценува филмовите во компетиција е составено од: Јанко Баљак – режисер и педагог од Србија, Борис Мисирков – директор на фотографија и менаџер од Бугарија, и Атанас Чупоски – филмолог и писател од Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top