Насловна / Екологија / Уште 10.000 ќеси за вредните собирачи

Уште 10.000 ќеси за вредните собирачи

ПРОЕКТОТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОТ ВО ПРИЛЕП УСПЕШЕН

Проектот “Собирај пет за подобар свет“ – за примарна селекција на отпадот интензивно се реализира во Прилеп. Прифатен и поддржан од УСАИД по неговата почетна промоција низ кампањата за чии потреби е снимен и ТВ-спот со еден од македонските претставници на “Детскиот евросонг“ Денис Димоски се шири низ различни сегменти согласно динамиката за примена. Од почетокот на октомври почнаа и предавањата во основните и средните училишта низ кои на најмладите им се објаснува суштината на проектот и придобивките од селекцијата на отпадот, односно заштитата на животната средина. Оваа едукативна серија на предавања има за цел да им ја долови потребата од правилното постапување со отпадот и неговото селектирање но и штетното влијание на пластиката врз природата.

Во првата фаза од проектот предвидено е селектирање на пластиката, а во
втората ќе се премине и на хартијата. Од 20-ти октомври ЈП “Комуналец“,
кое е задолжено за примена на проектот, мина на следната фаза
-дистрибуција на ќесите
за складирање на пет амбалажата.

– Ќе бидат дистрибуирани околу 10.000 ќеси со што ќе бидеме засега
единствена општина во Македонија со вака напредна фаза од селекцијата
на отпадот. Низ градот се поставени 30-тина контејнери, а од УСАИД
добивме уште 30-тина нови кои наредниот месец ќе бидат разместени на
нови локации. Задоволни сме од едукацијата на учениците, а во тој
контекст е и поставувањето на контејнери во сите училишта, вели Златко
Ристески, директор на ЈП “Комуналец“.

Од претпријатието уште еднаш ги повикаа прилепчани за што поактивно
вклучување во акцијата и совесен пристап кон селекцијата на отпадот,
бидејќи интересот би бил обостран.

 

П.Д.
Објавено во број 93.

Испрати коментар

Scroll To Top