Насловна / Арт и дизајн / Впечатливи идеи и голем ентузијазам

Впечатливи идеи и голем ентузијазам

Меѓународен саем за мебел iSaloni 2013, Милано

isaloni (13)Манифестацијата Salone Satellite за прв пат е формирана во 1998 година, како изложба за најперспективните млади дизајнери од целиот свет, а е во состав на iSaloni. Темата на 16. издание е поттикната од двете клучни компоненти во светот на дизајнот и таквата индустрија – „дизајнот на предметите“ како и „уметноста во начинот на изработката“. Самата селекција на дизајнерите и претставниците од меѓународните училишта за дизајн се избрани од страна на компетентни личности од светот на дизајнот, архитектурата и медиумите.

isaloni (18)isaloni (2) isaloni (3)  Овие млади креативци оставија толку силен впечаток врз посетителите со својата иновативност, што буквално не знаевме на кој штанд сакавме повеќе да го поминеме времето. Секогаш полни со нови идеи и голем ентузијазам, овие млади автори навистина имаа што да покажат. Иако нивните решенија и производи најчесто се претставени како прототипи, повеќето од нив стануваат дел од нечие производство, а самите автори важни креативни умови на големите дизајнерски компании…

Ќе ви ги претставиме годинешните победници на трите најдобри производи.

isaloni (1)

Првото место го освои Tania da Cruz, дизајнерка од Португалија, која работи како независен дизајнер во Милано. Наградата и припадна за нејзиниот производ ‘Braque’, акустични модуларни панели за звучна изолација, изработени од експандирана плута. Во состав на нејзиниот штанд беа презентирани и останатите производи, столче „2 во 1“, како и висечки лустер (со лед светилка), изработени од експандирана плута.

isaloni (4)

Второ место освоија Re Design Studio-Hadwa Omran, Hend Riad и Mariam Hazem oд Египет. Нивната идеја се состои во намерата да ги вратат пластичните ќеси, кои се фрлаат или злоупотребуваат во нов облик, со цел да се вклопат во секојдневниот живот. Иновацијата лежи во материјалот, повторната употреба на ќесите во облик на ткаенина. Така, нивните производи се составени од тапацирот на столчињата и корпи за нечисти алишта.

isaloni (6)

Третото место го добија Hanhsi Chen и Shikai Tseng, двајцата од Тајван, а работат како дизајнери во Лондон. Наградата ја добија за производот ‘Ripple’, ламба која се состои од стаклена капа, поставена на база која има мотор кој ја ротира, и има мал испакнат дел каде што е поставена лед светилка. Светлото удира во стаклото и ја шири рефлексијата на ѕидот и опкружувањето. Другиот производ, кој го претставија беше ѕиден часовник, наречен „Сенка“. Зад металниот дел се наоѓа лед светилка, која прави сенка на сказалките и го рефлектира времето на самиот ѕид.

isaloni (14)isaloni (15)isaloni (10)isaloni (20)isaloni (21) isaloni (22)

Испрати коментар

Scroll To Top