Насловна / Вести / Словенија сака да стане јаглеродно неутрална

Словенија сака да стане јаглеродно неутрална

Словенија објави дека има за цел да стане јаглеродно неутрална држава до 2050 година. Имено, оваа земја членка на ЕУ има намера да го постигне овој амбициозен потфат преку намалување на користењето на фосилните горива, и воведување на одржливи решенија во сообраќајот, зградите и индустријата. Словенечкото министерство за инфраструктура во својот национален енергетски и климатски план, истакнува дека сака да ја следи оваа цел, при што првата контролна точка е намалување на емисијата за 36% до 2030 година во споредба со 2005 година.

slovenia1

slovenia2

Slovenia3

 

Испрати коментар

Scroll To Top