Иако на купувачите на електрични автомобили им се сервира поширока понуда, plug-in хибридите стануваат одична алтернатива. Но, една студија открива уверлив аргумент со кој PHEV моделите стануваат помалку привлечни за купувачите.
Автомобилската индустрија соочена со надминување на емисиите на CO2 и соодветната компензација за тоа, приморана е да продава се повеќе електрични автомобили. Проблемот настанува кај производителите со широк асортиман на возила, бидејќи тогаш речиси 50% од продажбата би требало да бидат електрични автомобили, а сликата од пазарот зборува поинаку. Затоа, производителите „се вадат“ на plug-in хибридите. За да бидат овие возила поефикасни, треба повеќе да возат на струја, но практиката е поинаква, односно повеќе се вози на бензин. Производителите, но и одговорните во Брисел тоа го знаат, па една од мерките е зголемувањето на капацитетот на батеријата, за да понудат поголем домет.

Електричните автомобили кои имаат поголем домет, го немаат тој проблем. И двата системи имаат свои предности и недостатоци. Но, студијата на Меѓународната агенција за енергија открила еден интересен факт. Просечната цена на PHEV батерија од 20 kWh – стандард за најновата генерација на plug-in хибриди, чини речиси исто како и батерија од 65 kWh во целосно електричен автомобил. Истата студија покажува дека до 2024 година, цената на батерија по kWh за PHEV била три пати повисока од цената за електричните автомобили. Овој заклучок може да биде донекаде контроверзен, бидејќи е добро познато дека батериите се најскапата компонента на електричните возила. Причината е едноставна бидејќи дометот за PHEV мора да биде што поголем, со оглед на помалата батерија. Но, главната причина ја вклучува цената на компонентите како што е системот за управување со батеријата и фактот дека големината го ограничува бројот на ќелии.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија