Насловна / Арт и дизајн / Златен iPhone 7 со ликот на Доналд Трамп

Златен iPhone 7 со ликот на Доналд Трамп

Веројатно нема многу луѓе во светот кои не слушнале за Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на САД.

Овој човек е очигледно моќен и популарен, како што е демонстрирано во текот на изборите оваа година, кога ја победи Хилари Клинтон.tramp-ajfon_3

Една руска компанија одлучи да му оддаде почит, креирајќи модел на iPhone 7, кој е украсен со ликот на Доналд Трамп во златни бои.

За љубителите на овој модел и на Доналд Трамп, ова е секако добра вест. Како што можете да си претпоставите, овој дизајн е дело на руската компанија Caviar, која на овој начин ја прославува победата на Трамп. Позлатениот телефон на својот грб го содржи портрет на Трамп со дополнителни златни детали и логото на неговата кампања во истиот дезен.tramp-ajfon_4

Исто така, можеме да кажеме дека покрај Трамповата победа, овој телефон го слави и помирувањето меѓу Русија и САД.tramp-ajfon_2

Овој телефон е достапен веќе за купување и може да се купи по цена од 3100 долари.tramp-ajfon_1

Инаку, компанијата Caviar е веќе позната по своите позлатени портрети на познати личности на телефоните, па веќе може да се видат верзии со Владимир Путин, Владимир Ленин и Петар Велики.

Испрати коментар

Scroll To Top