Насловна / Вести / Жената која го исчисти Монт Еверест

Жената која го исчисти Монт Еверест

Постојат оние луѓе кои со својата љубезност, напорна работа, волја и желба да го направат светот подобар, не инспирираат и нè тераат навистина да веруваме во подобро утре. Една од тие луѓе е Марион Ченџо-Дупуи, алпинистка која ја доби наградата „Тере де Фемс“ во 2019 година, доделена од фондацијата Ив Рошер.

zena

Благодарение на оваа жена и нејзината иницијатива, Монт Еверест стана „полесен“ за неколку тони ѓубре што останале од луѓето. Поточно, за само три години од почетокот на проектот „Исчисти го Еверест“, пред да бидат наградени за нивната работа, Мерион и нејзиниот тим исчистиле неверојатни 8,5 тони ѓубре од највисоката планина на планетата Земја.

Ако ова ви звучи импресивно, еве уште еден интересен факт – таа количина ѓубре е само три четвртини од вкупниот пронајден вештачки отпад на планината. Мерион има амбициозна мисија, а тоа е да заврши чистење на планинскиот масив Хималаите, а потоа планира да го помине целиот Монт Еверест.

zena1

Оваа 39-годишна жена трипати се искачила на Монт Еверест и била лично сведок што направиле експедициите на планините во последните 30 години.

“Искачувањето на Монт Еверест треба да биде чиста интеракција меѓу човекот и природата. Кога пристигнав на врвот во 2013 година, сфатив колку експедициите ја уништија планината. Според мојата проценка, само на врвовите има скоро 10 тони отпад! Како некој кој е од мал вљубен во природата – бев шокирана“, изјави Мерион.

Таа додаде дека природата е витален дел од нејзиниот живот и дека и помага да се чувствува жива. Затоа таа сака да му помогне на остатокот од светот да се здобие со најдобро можно искуство.

zena2

Кога пораснала, патувала во Индија и Тибет, каде што живее и работи како водич за планинарење повеќе од 17 години. Таа ги убеди локалните власти да го поддржат нејзиниот проект „Чист Еверест“ и добила 50 хималајски јакови кои и помогнале да го исфрли отпадот по планината.

Загадувањето на Хималаите влијае на водата за пиење што ја користат околу две милијарди луѓе кои живеат во индиски и кинески долини, па битката за почисти планини не е само за заштита на природата. Тоа е битка за подобар и поздрав живот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top