Насловна / Архитектура / Зграда во форма на риба вo Индија

Зграда во форма на риба вo Индија

Нема ништо пологично, кога се зборува за нешто, а сето тоа е поткрепено со визуелизација токму. Поинаку кажано, на пример во архитектурата, ако збруваме за објекти кои отсликуваат некоја форма, а истите тие, се поврзани функционално токму со таа намена. За да ви стане појасно, доволно е да кажеме дека постојат такви објекти, кои наменски се дизајнирани, да одговараат на она за што се конструирани или имаат врска со одреден поим. Таков пример ни доаѓа од Индија.

Najcudni gradbi-Zgrada riba vo Indija 1

Имено, Националната асоцијација за рибарство, не само што се обидела да се наметне како сериозна инситуција, туку и конструирале таква градба, која наликува на риба, со што само се надоврзуваме на логиката.

Неофицијално е именувана како „Рибја зграда“, и таа е регионална канцеларија на Националниот одбор за развој на риболов, кој се наоѓа во близина на градот Хајдерабад, во Индија.

Najcudni gradbi-Zgrada riba vo Indija 2

Четири катната зграда беше официјално отворена во април 2012 година и, наводно, била инспирирана од монументалната скулптура „Риба“ на Френк Гери во Барселона, која била завршена во 1992 година. Зградата е пример за т.н „миметичка архитектура“, во неговата функционалност вметнувајќи елементи од риба, односно на рибна форма. Ова ја вклучува левата пекторална перка удвојувајќи се како трева над скалилата до влезот, и двата кружни прозорци кои делуваат како очи.

Миметичката архитектура, се однесува на структура изградена во форма што ја имитира неговата функција, и како стил, станала популарна во Соединетите американски држави во средината на минатиот век. Па така, покрај патиштата никнувале хот-дог сендвичари дизјанирани токму во тој облик, или кафетерии кои имале форма на гигантска шоља за кафе. И овој објект, е типичен пример на миметичката архитектура, бидејќи е конструиран да одговара на асоцијација која во своето средиште на активности ја има „рибата“.

Najcudni gradbi-Zgrada riba vo Indija 3

Оваа структурата на четири ката со 1.920 квадратни метри површина беше дизајнирана на овој начин од страна на Централниот оддел за јавни работи на Индија од едноставна причина што работата направена во внатрешноста се однесува на риболов.

Зградата е облечена во панели од нерѓосувачки челик како и покрај централното јадро, објектот е целосно кренат од земја, значи не допира на површината, бидејќи има бледо сини потпирачи или основи. Сино-виолетовите рефлектори ја осветлуваат зградата ноќе, оставајќи впечаток дека „џиновската риба“ плива низ Хајдерабад.

Najcudni gradbi-Zgrada riba vo Indija 4

Иако објектот има основа во миметичката архитектура, многумина не признаваат вредност на објектот и ја сметаат за лош тип на архитектура. За нас, секако е логично да биде дел од најчудните градби, но многумина кои сериозно гледаат на архитектурата и дизајнот, имаат многу силни критики за објектот.

Зградата добила голем број критики поради едноставната архитектонска форма која буквално ја копира формата на рибата и ја „залепила“ на локацијата како зграда. Она што најмногу го забележуваат е што објектот има иста форма со рибина структутра, што е лошо, бидејќи криричарите сметаат дека би било сосема поинаку, ако објектот има апстрактна или асоцијативна форма на риба. Во тој случај, дизајнот би бил многу попривлечен и поубав. Поинаку кажано, бил потребен Пикасо стил за овој објект.

Najcudni gradbi-Zgrada riba vo Indija 5

Без оглед на неговиот неуспех во естетиката, архитектот не успеал и во однос на функционалноста на дизајнот, со тоа што го лоцира главниот кат на ниво на првиот кат. Ова значи дека приемот се наоѓа на првиот кат па со самотот тоа, внатрешноста се сведува на обична куќа. Така велат критичарите.

Но, сепак, без оглед на тоа што ќе го кажат критичарите, за обичниот човек, објектот е интересен, па можат да се најдат бројни видео снимки, со воодушевување, од посетители, на кои случајно овој „рибји“ дизајн им запнал за око.

A general view shows the newly opened Na

Испрати коментар

Scroll To Top