Насловна / Архитектура / Зелениот станбен комплекс на BIG ја подели струката и јавноста

Зелениот станбен комплекс на BIG ја подели струката и јавноста

Низа на надоврзани боксови создава голема асиметрична градба со разиграна форма која некои ги потсеќа на озеленето брдо, а некои на зигурат.
Прославеното архитектонско биро BIG проектот го предложи уште во 2016. година, но поради работите кои беа во тек во овој историски дел на Торонто, проектот мораше да биде одложен. Меѓутоа, Bjarke Ingels конечно доби зелено светло за изградба на уште позелениот проект King Street West во Торонто.

1
Дизајнот на овој проект во потполност отстапува од јадрото на градот, поради што кај некои критичари предизвика негодување, но поради својата комплексност и аммбицијата на авторот дефинитивно заслужува внимание. Но, како што пишува критичарот Alex Bozikovic за The Globe and Mail, вистинското прашање е дали BIG својата идеја за вертилкално село ќе успе да ја прилагоди и на американскиот континент.
Со еден дел, проектот навлегува во јавниот простор во овој дел на градот, бидејќи планот подразбира и обликување на одредени јавни површини како голем централен плоштад и пешачка рута. Во повеќенаменскиот објект свое место ќе најдат и малопродажни објекти, бутици и канцеларии. Сепак, најголемиот дел е наменет за домување.

2
Иако овој станбен блок е организиран на традиционален начин – со плоштад во средината – неговата форма е мошне интересна. Имено, објектот на BIG е замислен како низа од пиксели, односно боксови кои се надоврзуваат еден над друг и така создаваат голема асиметрична градба со разиграна форма со бројни отвори и зелени тераси. Секој од поменатите писели е со димензија на една просечна соба и секој е закривен под агол од 45 степени во однос на улицата со што на корисниците во тек на денот им овозможува подолг продор на светлина и воздух.

3

Зигурат во Торонто

Самата фасада има бројни вдлабнатини за да може зеленилото полесно да се рашири низ целиот објект. Архитектите од BIG нагласуваат дека овој проект го сметаат за утописки експеримент сместен во срцето на градот, а дека инспирацијата за овој несекојдневен дизајн ја нашле во работата на славниот архитект Moshe Safdie.
Меѓутоа не се сеите воодушевени со изгледот на фасадата, не затоа што потесетува на брдо, туку затоа што нејзината структура е нападна и премногу штрчи во соседството. На дел од јавноста и се допаѓа, на дел не. Истото е и со структурата. Оваа архитектура ја нарекуваат храбра, но и радикална, додека поменатиот архитектонски критичар ја нарече зигурат.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top