Насловна / Архитектура / Запуштена болница од 18 век претворена во уметничка галерија

Запуштена болница од 18 век претворена во уметничка галерија

Поранешниот болнички комплекс на шпанскиот остров Менорка е претворен во галериски простор со акцент на архитектонски лузни.

bolnica

Архитектонското студио Laplace и пејзажниот архитект Пит Одолф спроведоа проект за реновирање на запуштена болница, изградена и окупирана од Британската морнарица во раните 1700 -ти. Како дел од двегодишниот проект за зачувување на три стари згради, архитектите успеале да создадат нов културен штаб од 1.500 квадратни метри со осум изложбени простории, како и ресторан, продавница, но и „патека за скулптури“ и градина за биодиверзитет.

bolnica1

Од Laplace објаснуваат дека идејата била да се зачува сеќавањето на постојната зграда со нагласување на нејзините лузни и прилагодување на новата структура така што ќе изгледа како отсекогаш да била на тоа место.

bolnica2

Така, линеарните изложбени простори се сместени во двете најголеми згради и тие се меѓусебно поврзани со двор што го означува влезот во галеријата.

За време на реставрацијата се користеле традиционални материјали и техники, вклучително и локални ѕидарски техники. Покривот е направен од теракота, а подовите се изработени од теразо, кои се направени од локален камен.

bolnica3

Внатрешноста на галеријата содржи оригинални дрвени греди кои се обновени и префарбани, а повеќето ѕидови се оставени во нивниот оригинален изглед, кој е кородиран со текот на времето, и се само обоени или оставени сурови со изложен камен.

bolnica4

“Работев многу на истражување на морската архитектура овде во Махон и гледав како да ги решам работите почнувајќи од носачи, прозорци, врати, па дури и клупи. Сакав да се почитуваат локалните елементи. Беше многу важно да се почитува поморската историја“, вели Кристоф Комој, основач на студиото Laplace, за Dezeen.

bolnica5

Кристоф Комој истакна дека исто така бил инспириран од неговиот претходен проект во Сомерсет, Англија, каде работел на реставрација на историските фарми.

“Ме потсетува на Сомерсет, каде што направивме двор меѓу старата и новата зграда, и истата идеја се разви тука. Создадовме отворени простори кои се клучни во овој тип на проект за реставрација, да се почитува она што веќе постои, а исто така да се подобри циркулацијата на воздухот и да се прилагоди зградата на денешните потреби“, додаде Кристоф Комој.

bolnica6

Бидејќи Менорка е класифицирана во Биосферниот резерват на УНЕСКО, односно област што има за цел да промовира решенија што помагаат во зачувувањето на биодиверзитетот, во објектот е додаден резервоар за собирање дождовница, кој ја наводнува околната градина.

bolnica7

Пејзажниот архитект Пит Оудолф, задолжен за уредување на околната градина и целиот околен пејзаж, користел домашни растенија како виолетов агапантус, како и други видови трајни растенија и треви. Исто така, сочувани се постојните маслинови дрвја на задниот дел од парцелата.

bolnica8

Галеријата Hauser & Wirth ќе биде домаќин на изложби, но исто така ќе понуди привремен престој на уметници кои ќе создадат и одржуваат работилници во овој простор, кои ќе се фокусираат на образованието и одржливоста.

bolnica9

bolnica10

Испрати коментар

Scroll To Top